ПРВ.мк
Црна Хроника

СЗО - СМРТОНОСЕН ВИРУС СЕ ШИРИ: УБИВА ДО 75% ОД ЗАРАЗЕНИТЕ – ОВА СЕ ПРВИТЕ СИМПТОМИ

СЗО - СМРТОНОСЕН ВИРУС СЕ ШИРИ: УБИВА ДО 75% ОД ЗАРАЗЕНИТЕ – ОВА СЕ ПРВИТЕ СИМПТОМИ
Kristal

Светската здравствена заедница повторно е во состојба на зголемена будност поради вирусот Нипа – една од најсмртоносните зарази познати на медицината. Од Светската здравствена организација предупредуваат дека постои реална можност за нови случаи ширум светот, бидејќи природниот извор на инфекцијата сè уште не е целосно елиминиран.

Според претставници на СЗО, вирусот природно опстојува кај одредени видови овошни лилјаци, особено во региони на Индија и Бангладеш. Токму поради тоа, ризикот од нови жаришта останува висок. Индија веќе ја бележи својата седма епидемија од 2001 година наваму, а моментално се потврдени неколку заразени лица, од кои дел се во критична здравствена состојба.

Она што дополнително загрижува е фактот дека за вирусот Нипа не постои ниту вакцина, ниту специфичен лек. Смртноста е исклучително висока – од половина до дури три четвртини од заразените не ја преживуваат инфекцијата.

Болеста може да започне незабележливо, без симптоми, но често се појавуваат висока температура, кашлица, силна главоболка, проблеми со дишењето и ментална збунетост. Кај потешките случаи, состојбата може да се влоши за само еден или два дена и да доведе до кома, воспаление на мозокот или епилептични напади.

Експертите апелираат на претпазливост: избегнување контакт со диви животни, особено лилјаци и свињи, и строго предупредуваат да не се консумира свеж сок од урми – еден од познатите начини на пренос на вирусот.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo