ПРВ.мк
Црна Хроника

Скопјанец со тешки повреди по пад од висина во трговски центар во Центар

Скопјанец со тешки повреди по пад од висина во трговски центар во Центар
Kristal

Триесетгодишен жител на Скопје е хоспитализиран со тешки телесни повреди откако синоќа паднал од висина во трговски центар во централното градско подрачје.

Како што соопштија од СВР Скопје, на 31 декември 2025 година во 20:14 часот, од Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив е донесен И.Д. (30) од Скопје со сериозни повреди.

Според првичните информации, лицето во моментот на инцидентот било под дејство на алкохол и паднало од висина во трговски центар на подрачјето на општина Центар.

Надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување и утврдување на околностите под кои се случил настанот.

FixCredit
Escape