ПРВ.мк
Црна Хроника

Силен пожар во Велес: експлозии ја потресоа гаражата кај болницата!

 Силен пожар во Велес: експлозии ја потресоа гаражата кај болницата!
Kristal

Вистинска драма се одвивала попладнево во Велес, кога избувнал пожар во гаража на улицата Самоборска број 7, во непосредна близина на Заразното одделение при Општата болница во градот.

Од Територијалната противпожарна единица Велес информираат дека дојавата била примена на 24 февруари во 17:35 часот. Според очевидци, од гаражата се слушале експлозии, што дополнително ја зголемило вознемиреноста кај жителите во околината.

На терен веднаш излегле четворица пожарникари-спасители со едно противпожарно возило. Кога пристигнале, огнот веќе бил во развиена фаза, а во гаражата горело патничко моторно возило.

Благодарение на брзата интервенција, пожарот бил локализиран и изгаснат, со што било спречено негово проширување кон околните објекти.

Засега нема информации за повредени лица, а причините за избувнувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

Жителите од овој дел на градот велат дека експлозиите звучеле застрашувачки и дека чадот бил видлив од поголема далечина.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo