По пожарот во луксузниот клуб „Le Konstelasion“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде за време на новогодишната ноќ загинаа 40 лица, сопствениците Џесика и Жак Морети се под истрага за убиство од небрежност, предизвикување тешки повреди и уништување докази.
Според обвинението, Џесика Морети (40) наводно ги оставила посетителите во пламенот и побегнала со дневниот приход, додека повеќе сведоци ја виделе како носи каса со пари. Парот е обвинет и за тоа што по пожарот ги блокирал профилите на клубот на социјалните мрежи и официјалниот веб-сајт, додека спасувачките служби сè уште дејствувале.
Како избил пожарот Пожарот започнал околу 01:30 часот по полноќ на Нова година, кога пиротехнички ефекти на шампањски шишиња ја запалиле плафонот на клубот. Меѓу загинатите е и млад човек од Србија кој спасувал гости.
Реакција на сопствениците Жак Морети изјавил дека клубот бил инспектиран три пати во последните десет години и дека сè било во согласност со пропишите, но адвокатот кој ги застапува жртвите побара истрагата да се прошири и на општината, бидејќи клубот немал безбедносна инспекција од 2019 година.
Сопружниците во соопштение рекле дека се „скршени“ од трагедијата и ветиле целосна соработка со истражителите.
Криминална историја на Жак Морети Жак Морети има повеќегодишно криминално минато во Франција, вклучувајќи измама, киднапирање и противправно лишување од слобода, што ја засилува загриженоста за ризик од негово бегство.
Истрагата продолжува, со цел целосно утврдување на одговорноста на сопствениците и институциите.















