Скандалозниот инцидент на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ ја потресе јавноста: Ивана и нејзината шестгодишна ќерка Катја скокнаа од балкон, а полицијата веќе потврдува дека пред тоа имало насилство. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, откри дека на денот на трагедијата дошло до расправија помеѓу сопружниците, а настанот е целосно документиран.
Против Стојанче Јовановски ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка, а полицијата потврди дека тој е поврзан со десетина претходни пријави за насилство, имотни деликти и недозволена трговија со дрога.
„Има видеозапис каде се гледа како сторителот ја удира жртвата истиот ден околу 12 часот. Ова е клучниот доказ што може да го одведе на долга робија“, нагласи министерот Тошковски.
Според законот, Јовановски е сомничен за повеќе кривични дела: навидување на самоубиство (член 128 став 2), телесна повреда (член 130 став 2) и загрозување на сигурноста (член 144 став 3). За овие дела, максималната казна може да достигне 16 години затвор.
Министерот потенцира дека сите пријави, документирани досега, ќе бидат внимателно испитани, а јавноста ќе добие детални одговори за околностите околу трагедијата.
Случајот ја тресе Македонија, а клучниот видеозапис е доказот што може да ја реши мистеријата околу трагичниот пад на Ивана и нејзината ќерка.


















