ПРВ.мк
Црна Хроника

Шокантен случај во Македонија: Бебе незаконски предадено за 500 евра! - МВР со страшни детали

Шокантен случај во Македонија: Бебе незаконски предадено за 500 евра! - МВР со страшни детали

Шест лица се опфатени со истрага за сомневање за незаконско посвојување на новороденче, а по одлука на судија на претходна постапка за сите е определена мерка домашен притвор.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, постои сомневање дека две жени организирале шема преку која било овозможено нелегално предавање на новородено бебе на брачен пар кој сакал да го посвои без да ја помине законската процедура.

Истрагата покажала дека биолошката мајка, која живеела во тешки материјални услови, била убедена да се согласи на ваков договор во замена за финансиска помош и покривање на одредени медицински трошоци. Наводно, договорот бил постигнат уште пред породувањето.

По напуштањето на болницата, мајката и бебето биле префрлени на друга локација, каде што детето било преземено од лицата кои сакале да го згрижат како свое.

Од МВР посочуваат дека осомничените ја користеле ранливата социјална состојба на родители кои не биле во можност да се грижат за своите деца, нудејќи им финансиски и други бенефиции за да прифатат незаконско посвојување.

Од Министерството за социјална политика потврдуваат дека во текот на 2025 година биле преземени мерки против едно од инволвираните лица, на кое му бил одземен статусот на згрижувач. Дополнително, детето кое е предмет на случајот е згрижено и ставено под соодветна заштита.

Надлежните институции наведуваат дека случајот е резултат на координирана истрага и дека постапката продолжува со цел целосно расчистување на сите околности.