ПРВ.мк
Црна Хроника

ШОКАНТЕН СЛУЧАЈ: Фатен маж со четири човечки ембриони – Интерпол вклучен во истрагата! - Ова се деталите

ШОКАНТЕН СЛУЧАЈ: Фатен маж со четири човечки ембриони – Интерпол вклучен во истрагата! - Ова се деталите

Меѓународните власти истражуваат бизарен и сериозен случај што отвори бројни прашања за трговијата со човечки ембриони и злоупотребата на репродуктивните технологии.

24-годишен израелски државјанин бил уапсен при обид да го напушти Северен Кипар, откако во неговиот багаж биле пронајдени четири човечки ембриони сместени во специјален „Life Pack“ систем за криогенско чување.

Според првичните информации, крајната дестинација на осомничениот била Мексико – земја која често се споменува поради полибералните закони поврзани со сурогат-мајчинство и репродуктивни процедури.

Истражителите се сомневаат дека зад случајот стои добро организирана мрежа, бидејќи опремата за транспорт на ембриони е скапа и професионална, што укажува на внимателно испланирана операција.

Дополнително, вниманието е насочено и кон клиниките за вонтелесно оплодување во Северен Кипар, каде годишно доаѓаат илјадници странски парови. Се проверува дали ембрионите биле нелегално продадени, украдени или пренесени без соодветна документација.

Осомничениот се соочува со обвиненија за нелегален транспорт на човечко ткиво и прекршување на законите поврзани со јавното здравје и генетскиот материјал.

Случајот веќе го привлече вниманието на Интерпол, а постои сомнеж дека ова можеби е дел од поширока меѓународна мрежа за транспорт и продажба на ембриони, која функционира надвор од етичките и законските рамки.