ПРВ.мк
Црна Хроника

СЕРИОЗНА НЕСРЕЌА: Коњ тешко повреди малолетно девојче, итно било префрлено на скопските клиники!

СЕРИОЗНА НЕСРЕЌА: Коњ тешко повреди малолетно девојче, итно било префрлено на скопските клиники!

Малолетно девојче се здобило со сериозни повреди откако било удрено од коњ во двор на куќа во Кичево, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според податоците од ОВР Кичево, случајот бил пријавен во неделата вечерта, откако во двор на куќа на улицата „Прилепска“ дошло до несреќата. Коњот, кој бил во сопственост на 58-годишниот Б.Д. од Кичево, го удрил девојчето.

По инцидентот, повреденото девојче веднаш било пренесено во Општата болница во Кичево, каде што му била укажана медицинска помош. Поради сериозноста на повредите, лекарите одлучиле да биде транспортирано во Клиничка болница во Скопје за понатамошно лекување.

Од МВР информираат дека полициски службеници преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. По утврдувањето на сите околности околу настанот, ќе следува соодветна пријава.

Надлежните продолжуваат со проверка на деталите за тоа како дошло до несреќата и дали биле преземени сите потребни мерки за безбедност во моментот на инцидентот.