ПРВ.мк
Црна Хроника

СЕРИОЗЕН ИНЦИДЕНТ НА БРОД: Македонец приведен по напад со нож врз Србин, полицијата истражува обид за убиство!

СЕРИОЗЕН ИНЦИДЕНТ НА БРОД: Македонец приведен по напад со нож врз Србин, полицијата истражува обид за убиство!

Хрватската полиција отвори истрага за сериозен инцидент кој се случил на брод во Медулин, каде 54-годишен државјанин на Северна Македонија е осомничен дека со нож нападнал 48-годишен државјанин на Србија.

Според информациите од Полициската управа во Пула, нападот се случил на 13 јули околу 2:30 часот по полноќ, додека двајцата мажи се наоѓале на пловило во Медулин.

Како што наведуваат истражителите, осомничениот во еден момент зел нож и замавнал кон нападнатиот, насочувајќи го оружјето кон пределот на главата и стомакот.

Сепак, 48-годишниот маж успеал да спречи потешки последици така што инстинктивно ја кренал раката за да се заштити. При нападот се здобил со полесни повреди.

По завршувањето на полициската истрага, 54-годишниот македонски државјанин бил спроведен во притворската единица на Полициската управа на Истра.

Хрватската полиција соопшти дека против него е поднесена кривична пријава и дека случајот се истражува како обид за убиство. Надлежните продолжуваат со утврдување на сите околности што претходеле на нападот, како и мотивот за инцидентот.