ПРВ.мк
Црна Хроника

МАКЕДОНИЈА НА НОЗЕ: Исчезна Горан Ременски од Валандово – семејството бара помош!

МАКЕДОНИЈА НА НОЗЕ: Исчезна Горан Ременски од Валандово – семејството бара помош!

Семејството Ременски од Валандово упати јавен апел до граѓаните за помош во потрага по нивниот исчезнат роднина Горан Ременски.

Според информациите, тој го напуштил домот на 25 април околу 05:30 часот наутро. Во моментот на заминување бил облечен во црно дебело палто, темно тегет фармерки и црни патики.

Последен пат е забележан истиот ден околу 06:00 часот кај бензинската станица „GAMA OIL“, при што се движел во правец кон Струмица.

Семејството наведува дека лицето во моментот не поседува телефон ниту лични документи, поради што секоја информација може да биде значајна за негово пронаоѓање.

Граѓаните со било какви сознанија се замолуваат да се јават на телефонскиот број: 075 245 187.