ПРВ.мк
Црна Хроника

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ: Малолетничка ја претепала својата баба - полицијата открила страшни детали!

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ: Малолетничка ја претепала својата баба - полицијата открила страшни детали!

Седумдесет и двегодишна жена од Куманово пријавила во полиција дека била физички нападната од својата 13-годишна внука.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 18 јули 2026 година во 21:30 часот во СВР Куманово.

Жената навела дека физичкиот напад се случил во нивниот семеен дом, а како напаѓач ја посочила својата 13-годишна внука.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе бидат преземени соодветни законски дејствија во согласност со важечките прописи.