ПРВ.мк
Црна Хроника

Семејна драма: Му ја искршил вратата на чичко му, демолирал низ куќата, па ја нападнал и сестра си!

Семејна драма: Му ја искршил вратата на чичко му, демолирал низ куќата, па ја нападнал и сестра си!

Вистинска семејна драма се случила во скопската општина Гази Баба, каде што 31-годишен маж бил уапсен откако насилно влегол во домот на својот чичко, оштетувал покуќнина, а потоа физички ја нападнал и сопствената сестра.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 9 октомври 2026 година, околу 11 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.П. (31) од Скопје.

Како што било пријавено во полицијата, осомничениот најпрво пристигнал пред куќата на својот чичко, каде што насилно ја искршил влезната врата.

Потоа влегол во домот и почнал да крши предмети и покуќнина.

Ситуацијата дополнително ескалирала кога на местото пристигнала неговата сестра. Според пријавата, 31-годишникот физички ја нападнал и неа.

По пријавениот инцидент, полицијата интервенирала и го привела осомничениот.

Засега не се соопштени причините за семејниот конфликт, ниту дали нападнатата жена се здобила со повреди.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.