Семејна расправија во тетовското село Брвеница завршила со пријава во полиција, откако 38-годишна жена пријавила дека била физички нападната од сопствената сестра.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 9 октомври, во 21:50 часот, во СВР Тетово се обратила М.З. (38) од Тетово.
Таа пријавила дека истиот ден, додека престојувала на гости кај својата мајка во селото Брвеница, дошло до вербална расправија со нејзината сестра.
Според пријавата, расправијата прераснала во физички напад, при што сестрата наводно ја нападнала 38-годишната жена.
Засега не се соопштени дополнителни детали за причините за конфликтот, ниту дали пријавителката се здобила со повреди.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.






