ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) ЦРН ДЕН: Се урна хеликоптер за обука – едно лице го загуби животот

(ВИДЕО) ЦРН ДЕН: Се урна хеликоптер за обука – едно лице го загуби животот

Едно лице загина, а друго е повредено откако училишен хеликоптер од типот R-44 се урна во местото Темели, во округот Синџан, во близина на Анкара, соопштија турските власти.

Според првичните информации, несреќата се случила околу 10:02 часот, за време на обучувачки лет. Веднаш по падот на хеликоптерот, на местото пристигнале екипи на жандармеријата и итните служби, кои го обезбедиле теренот и започнале со увид.

Турскиот министер за правда Акин Гурлек соопшти дека во несреќата загинал пензионираниот полковник и пилот Јасаозден Бакал, додека повреден е мајорот Билгехан Куртоглу, кој бил на обука.

„Со длабока тага ја примив веста за загинувањето на пилотот за време на училишниот лет. До неговото семејство и блиските упатувам искрено сочувство, а на повредениот мајор му посакувам брзо закрепнување“, напиша Гурлек на социјалните мрежи.

Од Канцеларијата на јавниот обвинител за западниот дел на Анкара информираа дека е отворена официјална истрага, а на случајот работат двајца обвинители под координација на заменикот на главниот јавен обвинител.

Надлежните институции засега не ги соопштуваат причините за падот на хеликоптерот, а истрагата треба да утврди како дошло до несреќата.

ВИДЕО