Вчера на градилиште на улицата „Нов Белград“ во Кавадарци беше пронајдена корозирана авионска бомба. Случајот го пријавил 39-годишниот Т.Д. од Кавадарци.
На местото излезе увидна екипа од ОВР Кавадарци, а денеска бомбата безбедно ја подигна пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување од Битола.