Бизнисменот Марјан Јованов, во јавноста познат како Мане Левис, е пронајден мртов во дворот на неговиот дом во скопската населба Карпош, потврдија од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“.
Јованов беше препознатлив како познат бизнисмен и дистрибутер на брендот „Левис“ во Македонија. Во јавноста беше познат и по неговото поврзување со предметот „Шпански скали“, во кој подоцна доби ослободителна пресуда.
Според информациите од МВР, на 28.06.2026 во 18:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во базен во двор од куќа на подрачјето на Карпош е пронајдено починато лице. Лицето е идентификувано како М.Ј. (58) од Скопје.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По извршен увид на местото на настанот, по насоки од јавен обвинител, телото е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција.
Во овој момент причините за смртта не се познати и ќе бидат утврдени по завршувањето на обдукцијата и понатамошната истрага. Надлежните институции продолжуваат со активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.







