Педесетгодишен жител на Велес е лишен од слобода откако, според пријава, физички нападнал сограѓанин и му се заканувал со остар предмет.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека инцидентот се случил на улицата „Браќа Миладинови“ во Велес, каде осомничениот Р.Ш. физички го нападнал 48-годишниот Л.К. и притоа му упатувал закани со остар предмет.
Полициските службеници брзо интервенирале, го пронашле предметот кој бил одземен, а осомничениот бил приведен и задржан во полициска станица.
За случајот е известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.









