ПРВ.мк
Црна Хроника

ПРИЈАВЕН НАСТАВНИК: Нападнал две малолетни деца!

ПРИЈАВЕН НАСТАВНИК: Нападнал две малолетни деца!

Двајца родители пријавиле во полиција дека нивните малолетни синови биле физички нападнати од наставник за време на турнир во мал фудбал, организиран во спортска сала во основно училиште на подрачјето на Чаир.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера во 23:00 часот во СВР Скопје, В.Р. (47) и Е.Љ. (44), двајцата жители на Скопје, пријавиле дека нивните синови биле нападнати од наставникот А.Н.

Инцидентот, според пријавата, се случил за време на фудбалски турнир во спортската сала на училиштето.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.