24-годишна жена од Крива Паланка била лишена од слобода по пријава од нејзиниот сопруг, кој пријавил дека бил нападнат со остар предмет во семејниот дом.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, А.И. била приведена на 19 ноември, околу 15:20 часот, од полициски службеници на ОВР Крива Паланка, по претходно пријавениот инцидент.
Жената била задржана во полициска станица, а по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.






