43-годишен струмичанец е лишен од слобода откако полицијата при претрес во неговиот дом и дворното место пронашла повеќе количества марихуана и шест стебла канабис.
Од СВР Струмица информираат дека на 2 октомври 2026 година околу 14 часот, полициски службеници го лишиле од слобода С.И. (43) од Струмица.
Претресот бил извршен со судска наредба, при што во домот и дворот биле пронајдени шест стебла од растението канабис, патнички куфер исполнет со марихуана, една ќеса со марихуана, како и семки од растително потекло.
Дополнително, лицето предало и уште една паковка со марихуана.
За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.








