ПРВ.мк
Црна Хроника

ПРЕСУДА: Еве колку години затвор доби девојката која предизвика сообраќајка во која загина велешацот М.П.

ПРЕСУДА: Еве колку години затвор доби девојката која предизвика сообраќајка во која загина велешацот М.П.
Kristal

В. З. (20) од Градско доби пет години затвор за сообраќајната несреќа што се случи пред 15 месеци во близина на Кавадарци, а во која загина Марјан Петровски (40) од Велес. Судот исто така ѝ изрече забрана за управување со моторно возило од „Б“ категорија за период од пет години.

Сообраќајката се случи на 5 ноември 2024 година, околу 08:45 часот, на регионалниот пат Кавадарци-Росоман. Возилото „сеат“ кое го управувала В. З. удрило во „опел“, при што сопатникот во „опелот“ загинал, а двајца други патници, вклучувајќи ја сопатничката од возилото на обвинетата, се здобиле со тешки повреди – политраума.

Обвинетата, која во моментот на несреќата имала 18 години, била лоцирана во Германија, а по апсењето се наоѓа во имиграционен притвор. Постапката за нејзино испорачување во Македонија веќе е започната.

Пресудата не е правосилна бидејќи бранителот на обвинетата поднел жалба, а Основниот суд Кавадарци веќе издал потерница по која се постапува за доведување на обвинетата во земјата.

Според судот, несреќата била предизвикана од тоа што возачката ја преминала линијата на коловозот и возела со поголема брзина, но не била под дејство на алкохол или опијати.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo