ПРВ.мк
Црна Хроника

НОВИ ДЕТАЛИ: Познат идентитетот на балканецот кој е убиен во Барселона

НОВИ ДЕТАЛИ: Познат идентитетот на балканецот кој е убиен во Барселона

Каталонската полиција го утврди идентитетот на мажот кој на 10 јуни беше ликвидиран во Барселона, во близина на Конзулатот на Црна Гора и канцеларија на шпанската Национална полиција.

Станува збор за 45-годишниот белграѓанец Кристијан А., државјанин на Србија, за кого белгиските власти претходно распишале европска потерница и црвена потерница на Интерпол поради сомнение за трговија со кокаин.

Првичните информации во медиумите беа дека жртвата е маж со потекло од Даблин, но по деталната идентификација било утврдено дека станува збор за српски државјанин.

Според истрагата, напаѓачот му пришол од зад грб и испукал куршум во главата, по што избегал од местото на злосторството.

Безбедносните камери го снимиле осомничениот, кој бил облечен во бела маица, кафени кратки панталони и црни патики, а носел ранец и црна торбичка околу половината.

Оружјето со кое било извршено убиството подоцна било пронајдено од случаен минувач под велосипедска кацига, за која истражителите сметаат дека ја носел напаѓачот.

Истрагата за ликвидацијата продолжува, а шпанските власти работат на идентификување и пронаоѓање на сторителот.