ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН ИЗРЕШЕТАН ВО СВОЈОТ ДОМ: Први снимки од местото на убиството кое утринава ја шокираше државата!

ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН ИЗРЕШЕТАН ВО СВОЈОТ ДОМ: Први снимки од местото на убиството кое утринава ја шокираше државата!

Бизнисменот Илијан Филипов е застрелан во својот дом во Пловдив, Бугарија, соопшти полицијата.

Како што пренесуваат медиумите, бизнисменот е убиен со еден куршум во главата.

Злосторството било пријавено околу еден часот пополноќ. Филипов бил прогласен за мртов на лице место.

Во истрагата учествуваат службеници од Регионалната дирекција за внатрешни работи во Пловдив и Генералната дирекција на националната полиција (ГДНП). На лице место е присутна силна полициска екипа.

Медиумите пренесуваат дека полицијата таа ноќ ги блокирала излезите од Пловдив. Пред зградата се присутни голем број полициски екипи, како и медиуми. Возачите изјавиле дека не им било дозволено да го напуштат градот.

Напаѓачот сè уште не е уапсен, а мотивот за убиството на познатиот бизнисмен засега е непознат.

Кој е Илијан Филипов?

Илијан Филипов (53) беше еден од најпознатите бугарски стопанственици и влијателни деловни луѓе во Пловдив. Беше сосопственик на „ПИМК“ (PIMK), еден од најголемите транспортно-логистички системи во Бугарија, чие работење не беше ограничено само на патниот транспорт, туку опфаќаше шпедиција, железнички товарен сообраќај, градежништво, производство на бетон и експлоатација на камен.

„ПИМК“ така стана голема бизнис групација со значително присуство во транспортната и градежната индустрија во земјата.

Беше сопственик на фудбалски клуб

Филипов имаше и истакната јавна улога во Пловдив како претседател на здружението „Бизнис за Пловдив“, кое ги обединува големите компании од тој град. Последниве години посебно се експонираше преку фудбалскиот клуб „Ботев Пловдив“. Неговата компанија учествуваше во завршувањето на изградбата на стадионот „Христо Ботев“, еден од најголемите инфраструктурни проекти во градот, а Филипов потоа ја презеде контролата врз клубот и неговите повеќемилионски обврски. Со тоа, освен како голем работодавач и стопанственик, стана една од најпрепознатливите фигури во јавниот и спортскиот живот на Пловдив.