Двајца мажи се уапсени во одделни полициски акции во земјава под сомнение дека намерно предизвикувале пожари на отворен простор.
Во селото Грешница, општина Македонски Брод, полицијата го уапсила 45-годишниот Г.С., кој се сомничи дека во повеќе наврати подметнувал пожари. Тој бил фатен на дело во четвртокот, околу 11:30 часот, додека се обидувал да предизвика нов пожар на подрачјето помеѓу селата Грешница и Слатина.
Истиот ден, во попладневните часови околу 17:00 часот, во селото Сарандиново, општина Долнени, уапсен е и 76-годишниот Г.А. од Скопје, кој исто така е сомнителен за предизвикување пожари на отворено.






