ПРВ.мк
Црна Хроника

Повторно возење во контра насока на автопат - ова е локацијата!

Повторно возење во контра насока на автопат - ова е локацијата!

Припадници на сообраќајната полиција во Нови Сад експресно идентификувале и запреле возач кој управувал автомобил „голф“ во спротивна лента на автопатот кон Белград.

Според Министерство за внатрешни работи на Србија, возачот поседувал пробна дозвола, но управувал возило со поголема моќност од дозволената за таа категорија.

Против него е изречена строга казна за насилничко возење – 30 дена затвор, парична казна од 20.000 динари, 15 казнени поени и деветмесечна забрана за управување со моторно возило.

По правосилноста на пресудата, ќе му биде одземена и пробната возачка дозвола.

Од полицијата предупредуваат дека ваквото однесување може да има фатални последици, потенцирајќи дека „еден погрешен правец може да го чини некого живот“.