ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОВИК ЗА ПОМОШ ПРЕТВОРЕН ВО ТРАГЕДИЈА: Тројца мигранти во Македонија затекнати покрај безживотно тело!

ПОВИК ЗА ПОМОШ ПРЕТВОРЕН ВО ТРАГЕДИЈА: Тројца мигранти во Македонија затекнати покрај безживотно тело!

Трагичен случај е регистриран во гевгелискиот регион, каде што 36-годишен мигрант од Пакистан бил пронајден починат во близина на селото Мрзенци.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера на местото викано „Мрзенско поле“, во атарот на село Мрзенци, било пронајдено безживотното тело на лицето А.М.

Според пријавата, околу 11:52 часот група мигранти од Пакистан преку мобилен телефон побарале помош. По пристигнувањето на полициските службеници на локацијата, биле затекнати тројца мигранти кои немале лични документи, но изјавиле дека се државјани на Пакистан.

Заедно со нив било пронајдено и починато лице, за кое останатите мигранти кажале дека имало 36 години и дека патувало заедно со нив.

Лекар излегол на местото и констатирал смрт, при што не биле забележани траги кои укажуваат на насилна смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот мигрант било предадено на обдукција, која треба да даде повеќе информации за точната причина за смртта.

Останатите мигранти биле преземени од надлежните служби и пренесени во Прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. Во тек се дополнителни проверки за целосно расчистување на случајот.