Денеска во 13:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Т. (81) од градот, поради сомнение дека предизвикал пожар на отворен простор.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, постојат основи на сомнение дека на улицата „Народна револуција“ во Куманово тој запалил стрниште и сува трева, по што избувнал пожар.
На местото интервенирала Територијалната противпожарна единица Куманово, која го изгаснала пожарот. За среќа, нема повредени лица ниту поголема материјална штета.
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.









