ПРВ.мк
Црна Хроника

Поднесени кривични пријави против двајца лекари по смртта на 34-годишната Милена

Поднесени кривични пријави против двајца лекари по смртта на 34-годишната Милена

Министерството за здравство на Србија поднесе кривични пријави против двајца лекари од Здравствениот центар во Прокупље поради сомнение за несовесно укажување лекарска помош во случајот со 34-годишната Милена Китановиќ, која почина во јануари годинава од сепса.

Одлуката следува по вонреден стручен надзор и инспекциска контрола, при кои биле утврдени пропусти во постапувањето на дел од медицинскиот персонал. Во болницата потврдија дека го добиле извештајот од надзорот и најавија дека ќе постапат согласно препораките.

Семејството на Милена тврди дека таа два дена пред смртта побарала лекарска помош поради сериозни здравствени тегоби, но по прегледот и примена инфузија била испратена дома. Кога нејзината состојба нагло се влошила, била префрлена во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, каде што, според нивните тврдења, веќе било предоцна.

Таткото на Милена изјави дека не се откажува од борбата за правда и дека е задоволен што надлежните институции утврдиле пропусти и презеле конкретни чекори против одговорните лица.

Од Основното јавно обвинителство во Прокупље информираа дека предистражната постапка сè уште трае и дека се проверуваат сите околности околу случајот. Обвинителството ќе одлучи дали има основ за покренување кривична постапка против пријавените лекари.

Обдукцијата потврдила дека причината за смртта на Милена Китановиќ била сепса, а истрагата треба да утврди дали лекарските пропусти придонеле за трагичниот исход.