ПРВ.мк
Црна Хроника

Хорор сред бел ден: 16-годишно девојче брутално убиено на улица, минувачите само снимале

Хорор сред бел ден: 16-годишно девојче брутално убиено на улица, минувачите само снимале

Шеснаесетгодишно девојче беше брутално убиено на улица во Њу Делхи, Индија, во напад што се случил пред бројни минувачи. Според снимките од местото на настанот, додека нападот траел повеќе од една минута, само едно лице се обидело да интервенира, додека останатите сведоци наводно само го снимале инцидентот.

Полицијата соопшти дека осомничениот, механичар по професија, е уапсен и против него се води истрага. Според првичните информации, мотивот најверојатно е поврзан со лични односи.

Таткото на девојчето во потресна изјава рече дека неговата ќерка можеби ќе била жива доколку некој од присутните навреме реагирал.

„Ја видов ќерка ми како лежи на земја. Бесен сум што никој не ѝ помогнал. Да реагираше некој, денес ќе беше жива“, изјавил тој.

Случајот предизвика силни реакции во Индија и повторно ја отвори дебатата за безбедноста на жените и девојките, како и за рамнодушноста на случајните минувачи во вакви ситуации.

Од организациите за заштита на жените предупредуваат дека, покрај построгите казни, потребни се и подлабоки општествени промени за да се намали насилството врз жените.