ПРВ.мк
Црна Хроника

Почина познат пејач, син на екс пратеничка од СДСМ!

Почина познат пејач, син на екс пратеничка од СДСМ!
Kristal

Популарниот албански пејач Шпат Касапи, син на поранешната пратеничка од СДСМ, Ѓилумсер Касапи, почина денеска рано наутро од срцев удар.

Роден на 1 мај 1985 година во Тетово, Шпат пораснал во семејство со музичка традиција, која силно влијаела на неговото уметничко оформување. Кариерата ја започнал на почетокот на 2000-тите и брзо станал идол на младите, оставајќи траен белег во албанската поп-музика со својот препознатлив стил.

Зад себе остави сопруга и едно дете. Исто така, имаше искуство како советник за култура и општество на првиот вицепремиер во претходната Влада, Артан Груби.

Веста за неговата смрт ги потресе фановите и јавноста, кои го паметат како харизматичен уметник со неизбришлива музичка трага.

Escape