ПРВ.мк
Црна Хроника

ПИЈАН ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА: Ја тепал, кубел и гризел - еве каква казна му се заканува!

ПИЈАН ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА: Ја тепал, кубел и гризел - еве каква казна му се заканува!

Полицијата во Белград го уапсила 34-годишниот Ј. К., кој е осомничен дека физички ја нападнал својата 32-годишна сопруга по расправија во нивниот дом во Угриновци.

Според информациите, мажот бил во алкохолизирана состојба. По расправијата, тој ја влечел и ја кубел сопругата за коса, а потоа ја тепал со раце и ја гризел.

На жената ѝ биле констатирани полесни телесни повреди.

Против 34-годишникот полицијата поднела пријава за семејно насилство, а понатамошната постапка ќе ја водат надлежните институции.