Дваесет и седумгодишен жител на Скопје пријавил во полиција дека тој и неговата сопруга со години биле вознемирувани преку лажни профили на социјалните мрежи, за кои се сомневаат дека ги користел поранешниот партнер на неговата сопруга.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавата била поднесена на 30 јули во 18:30 часот во СВР Скопје. Пријавителот навел дека вознемирувањето траело од 2020 година па сè до денот на пријавувањето, а зад лажните профили, според неговите тврдења, стоел В.А. (37) од Скопје.
Во рамки на постапката, на 31 јули полициски службеници извршиле службен разговор со пријавениот.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.










