ПРВ.мк
Црна Хроника

OГРОМНА ТАГА: Трагично згасна животот на познат музичар!

OГРОМНА ТАГА: Трагично згасна животот на познат музичар!

Музичката индустрија е потресена по веста за трагичната смрт на пејачот, текстописец и автор на бројни хитови, Taley Riley, кој починал на 35-годишна возраст по насилен напад со нож во источен Лондон.

Според информациите од британската полиција, службите за итна помош реагирале по дојава за напад со ладно оружје во петокот вечерта. Кога екипите пристигнале на местото на настанот, пронашле 35-годишен маж со сериозни убодни рани.

И покрај обидите на медицинските екипи да му го спасат животот, повредениот бил прогласен за починат на самото место. Инцидентот веднаш бил квалификуван како тежок насилен криминал и започната е опсежна истрага.

Во истиот напад бил повреден уште еден маж, на возраст од околу 20 години, кој бил пренесен во болница со повеќе убодни рани. Според лекарските информации, неговата состојба е стабилна и не е во животна опасност.

Полицијата привела неколку лица поврзани со случајот – двајца мажи на возраст од 27 и 24 години, како и 25-годишна жена, кои биле осомничени за убиство. Подоцна дел од нив биле ослободени без понатамошни мерки, додека еден од осомничените бил пуштен со кауција додека трае истрагата.

Истражителите од Одделот за тешки кривични дела продолжуваат со прибирање докази и апелираат до јавноста да помогне доколку има било какви информации поврзани со инцидентот.

Веста за смртта на музичарот предизвика силни реакции во јавноста и меѓу неговите соработници. Неговото семејство се огласи со емотивна порака во која го опишува како личност полна со љубов и позитивна енергија.

„Марк беше сакан син, брат, вујко и пријател. Донесе љубов, светлина и радост во нашето семејство и кај сите што го познаваа. Неговата добрина, прекрасен дух и исклучителен талент засекогаш ќе останат во нашите срца“, стои во нивната изјава.

Случајот продолжува да се истражува, додека музичката заедница се збогува со уметник чија работа остави значаен белег во современата поп и R&B сцена.

Најнови вести