ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) НОВИ ТВРДЕЊА ЗА ПАДОТ НА АВИОНОТ НА ТРАЈКОВСКИ: „На Борис Трајковски му извршија атентат“

(ВИДЕО) НОВИ ТВРДЕЊА ЗА ПАДОТ НА АВИОНОТ НА ТРАЈКОВСКИ: „На Борис Трајковски му извршија атентат“

Поранешниот функционер Трајан Гоцевски изнесе тврдење дека смртта на претседателот Борис Трајковски во авионската несреќа во 2004 година не била несреќен случај, туку атентат.

„На Борис Трајковски му извршија атентат“, изјави Гоцевски во интервју за 4ТВ, посочувајќи дека, според него, случајот треба повторно да се разгледува во контекст на политичките и безбедносните кризи во Македонија во 1999 и 2001 година.

Тој смета дека постојат повеќе околности кои, како што наведува, отвораат сомнеж за можна поврзаност на авионската несреќа со настаните од тој период.

Гоцевски се осврна и на прашања поврзани со истрагата за падот на авионот со кој патуваше Трајковски. Според него, во истрагата биле ангажирани странски навигатори и офицери, но нивната понатамошна улога, како што тврди, не била доволно разјаснета.

„Има многу работи што останаа и ние како држава не успеавме да се наметнеме да се расчистат, битно и за нивните семејства, битно и за нас како држава“, изјави Гоцевски.

Тој оцени дека во Македонија постојат и други случаи на загинати лица и нерасчистени настани кои, според него, не добиле доволно институционално внимание.

Во тој контекст, Гоцевски се осврна и на историски случаи на политичко насилство и атентати врз македонски дејци во периодот меѓу двете светски војни, посочувајќи дека за дел од нив постојат истражувања и објавени материјали во Бугарија.

Поранешниот функционер смета дека македонските институции треба посериозно да пристапат кон истражување на ваквите случаи и нивно целосно расчистување.

„Мислам дека три и пол децении се добар период“ за расчистување на ваквите прашања, заклучи Гоцевски.

Тврдењето дека авионската несреќа во која загина Борис Трајковски била атентат е став на Гоцевски и во изјавата не се презентирани докази со кои тоа би било потврдено.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

Извор: 4NEWS