Во тек е увидот на местото каде што денеска автобус излетал од патот и се превртел во близина на Стенче. Според информациите, во моментот на несреќата во автобусот немало патници.
Автобусот се движел кон местото каде што требало да ги преземе патниците, но од засега непознати причини излетал од коловозот, по што се превртел. Несреќата се случила пред патниците да се качат во возилото.
Според првичните информации, инцидентот се случил денеска околу 13:30 часот во близина на Стенче. Првите неофицијални сознанија од очевидци исто така укажувале дека автобусот бил празен и дека во него немало патници во моментот на превртувањето.
На местото на несреќата надлежните служби вршат увид, а по неговото завршување се очекуваат повеќе информации за причините и околностите под кои дошло до излетувањето на автобусот од патот.
Засега нема официјална потврда за евентуално повредени лица. Повеќе детали се очекуваат од СВР Тетово.







