ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА ВО СКОПСКО УЧИЛИШТЕ: Тинејџер расекол соученик во училишниот тоалет - еве каква казна му следува!

ДРАМА ВО СКОПСКО УЧИЛИШТЕ: Тинејџер расекол соученик во училишниот тоалет - еве каква казна му следува!

Четиринаесетгодишен ученик бил нападнат со остар предмет од свој соученик во тоалет во основно училиште на подрачјето на Бит-пазар во Скопје.

Случајот во полиција го пријавила мајката на повреденото момче, 43-годишна жена од Скопје.

Според пријавеното, инцидентот се случил околу 09:00 часот во училишниот тоалет. Во нападот, 14-годишниот ученик бил повреден во пределот на раката, при што му била нанесена расекотина со остар предмет.

Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на денот, а надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои дошло до инцидентот.

Засега нема дополнителни информации за мотивот за нападот, ниту за тоа дали ученикот кој го извршил нападот ќе биде соодветно санкциониран, имајќи ја предвид неговата возраст. Надлежните треба да утврдат што точно се случило и како дошло до физичкиот конфликт меѓу двајцата ученици.

Најнови вести