ПРВ.мк
Црна Хроника

НОВ ПРЕСВРТ ЗА УБИСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА: Испливаа шокантни детали за семејството - синот се претставувал како пророк!

НОВ ПРЕСВРТ ЗА УБИСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА: Испливаа шокантни детали за семејството - синот се претставувал како пророк!

Нови информации излегуваат во јавноста за трагичниот случај што синоќа го потресе скопската населба Чаир, каде што 31-годишен маж е осомничен дека со нож смртоносно го нападнал својот татко.

Според информациите што ги објавија медиумите, трагедијата се случила откако 52-годишниот Едем Лукмани, наводно под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата сопруга Хикмете Џемаили. Во обид да ја заштити мајката од нападот, нивниот син Бесарт Џемаили, според досегашните информации од истрагата, му нанел повеќе убодни рани со нож на својот татко.

По инцидентот, осомничениот веднаш бил приведен од полициски службеници, додека телото на починатиот било предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини и околности на смртта.

Во меѓувреме, извори блиски до истрагата откриваат дека починатиот и претходно бил пријавуван за семејно насилство, а случаите биле евидентирани од надлежните институции. Истите извори посочуваат дека и психичката состојба на осомничениот подолг временски период била нарушена.

Според информациите, тој во повеќе наврати им зборувал на членовите на семејството и на блиски лица дека е пророк, при што барал од нив да ги следат неговите насоки и да постапуваат според неговите барања. Овие тврдења се дел од информациите што ги разгледуваат истражните органи и засега не претставуваат официјално утврден факт во постапката.

Дополнително, било објавено и дека починатиот Едем Лукмани претходно поднел барање за промена на личното име, со кое сакал неговото име да биде сменето во „Авни“.

Осомничениот останува во полициски притвор, додека надлежните институции продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на сите околности што довеле до оваа семејна трагедија. Очекувањата се дека по завршувањето на истражните дејствија ќе бидат познати повеќе детали за случајот.

Најнови вести