Четворица битолчани биле приведени рано утринава по физичка пресметка во казино во Битола, при што, според информациите од полицијата, бил нападнат и вработен во обезбедувањето.
Инцидентот се случил на 5 октомври околу 03:15 часот во казино лоцирано на улицата „Димитар Илиевски Мурато“.
Полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.Н. (40), Ш.К. (41), А.Ј. (29) и Д.Р. (34), сите жители на Битола.
Според пријавеното, четворицата го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Во текот на инцидентот, според полицијата, физички бил нападнат и вработен во обезбедувањето на казиното.
Од МВР информираат дека случ










