ПРВ.мк
Црна Хроника

(Видео)Ужас за време на ученичките протести: 15-годишник кренал полициска шок-бомба и останал без дланка

(Видео)Ужас за време на ученичките протести: 15-годишник кренал полициска шок-бомба и останал без дланка

Петнаесетгодишен ученик е тешко повреден за време на блокада и протест пред средното стручно училиште „Огист Беал“ во францускиот град Ланс.

Според информациите објавени од француските медиуми, инцидентот се случил околу 11 часот, кога тинејџерот подигнал експлозивна направа употребена од полицијата за време на протестот. Направата експлодирала, при што момчето претрпело исклучително тешка повреда на раката и останало без дланка.

Ученикот итно бил пренесен во болница во Лил. Според досега објавените информации, неговиот живот не е во опасност.

Префектот на департманот Па-де-Кале, Франсоа-Ксавие Лош, го оцени настанот како исклучително сериозен. Според него, пред училиштето биле собрани меѓу 200 и 250 ученици, а дел од присутните фрлале различни предмети кон полицијата.

Тој изразил жалење поради тешките последици и нагласил дека целта на мерките за одржување на јавниот ред не е да доведат до вакви трагични исходи.

По инцидентот, училиштето одлучило наставата да продолжи од далечина, а била организирана и психолошка поддршка за учениците и вработените.

Истовремено, протести и инциденти се регистрирани и во други делови на Франција. Во Париз, според француските медиуми, бил запален влезот на средното училиште „Воклен“, по што учениците биле евакуирани.

Околностите под кои точно дошло до тешкото повредување на 15-годишникот во Ланс треба дополнително да бидат утврдени.

Видео: