ПРВ.мк
Црна Хроника

Хорор на екскурзија: Средношколка тешко повредена

Хорор на екскурзија: Средношколка тешко повредена

Ученичка од белградската гимназија „Патријарх Павле“ е тешко повредена при превртување со квад за време на училишна екскурзија во Република Српска. Поради сериозноста на повредите, таа била итно оперирана во Бања Лука, објавува српски „Курир“.

Во несреќата била повредена и нејзина соученичка, која, според информациите од училиштето, се здобила со полесни повреди. Директорот на гимназијата, Јасмин Николовски, потврдил дека двете девојчиња се во стабилна состојба.

Според неговата изјава, инцидентот се случил вечерта на 4 октомври, кога ученичките од втора година, во слободното време непосредно пред вечерата, без одобрение од класниот раководител изнајмиле квад.

За време на возењето дошло до превртување на возилото. Едната ученичка поминала со полесни повреди, додека другата се здобила со потешки повреди поради кои била неопходна хируршка интервенција.

По несреќата, класниот раководител заминал во Ургентниот центар и го пријавил случајот во надлежната полициска станица. Веднаш биле известени и родителите на ученичките, директорот на училиштето и наставниците кои биле на екскурзијата.

Родителите на повредените девојчиња пристигнале во Бања Лука во текот на ноќта, каде од полицијата и медицинските служби ги добиле информациите за нивната состојба.

Директорот посочил дека лекарот ангажиран како придружба на екскурзијата, наставниците и туристичките водичи обезбедиле медицинска, психолошка и организациска помош.

По инцидентот, гимназијата одржала и состанок на тимот за кризна состојба. За случајот биле известени надлежната полициска управа во Раковица и Училишната управа во Белград, а најавена е и