ПРВ.мк
Црна Хроника

Ноќен хорор во Скопје: Напаѓач на мотор пукал кон возило со две лица

Ноќен хорор во Скопје: Напаѓач на мотор пукал кон возило со две лица

Вооружен инцидент се случил рано утринава во скопската населба Сарај, каде што непознато лице испукало неколку куршуми кон паркиран автомобил во кој се наоѓале две лица.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен околу 4 часот од 25-годишниот Р.З. од селото Глумово. Тој изјавил дека додека седел во возилото заедно со свој пријател, до нив пристигнале две лица на мотоцикл.

Едно од лицата, според пријавата, извадило огнено оружје и испукало повеќе истрели кон автомобилот, по што напаѓачите избегале од местото на настанот.

Во нападот нема повредени, но на возилото е причинета материјална штета. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и за идентификување и пронаоѓање на сторителите.