ПРВ.мк
Црна Хроника

НЕВЕРОЈАТЕН СЛУЧАЈ ГО ШОКИРА СВЕТОТ: Бебе прогласено за мртво, а часови подоцна пронајдено живо во мртовечница!

НЕВЕРОЈАТЕН СЛУЧАЈ ГО ШОКИРА СВЕТОТ: Бебе прогласено за мртво, а часови подоцна пронајдено живо во мртовечница!

Несекојдневен и шокантен случај од американската сојузна држава Аризона предизвика огромно внимание, откако 18-месечно момче, кое лекарите го прогласиле за починато по давење во базен, било пронајдено живо повеќе од пет часа подоцна во болничката мртовечница. Случајот отвори бројни прашања за тоа дали станува збор за сериозен медицински пропуст, а надлежните институции веќе спроведуваат детална истрага.

Трагичниот настан се случил на 8 февруари во градот Гилберт, во близина на Феникс, за време на семеен собир организиран по повод финалето на „Супербол“. Малото дете било пронајдено во дворот со лицето свртено надолу во базенот. На местото веднаш пристигнала итната медицинска помош, која започнала реанимација, по што момчето било пренесено во медицинскиот центар „Mercy Gilbert“.

Според достапните информации, дежурниот лекар во 18:20 часот официјално ја констатирал смртта на детето. Сепак, драмата не завршила тука.

Додека семејството се простувало од своето дете, родителите забележале дека тоа прави движења кои наликувале на дишење. И двајца полицајци кои биле присутни во болницата изјавиле дека слушнале звук на вдишување. Болничкиот персонал, пак, објаснил дека станува збор за т.н. агонално дишење – рефлекс што може да се појави по смртта и не претставува знак на живот.

Во полицискиот извештај се наведува и дека непосредно пред прогласувањето на смртта, еден полицаец слушнал медицинска сестра како изговара: „Имам пулс“. Кога информацијата му била пренесена на лекарот, тој, според извештајот, одговорил дека медицинската проценка е негова одговорност. Подоцна, лекарот се извинил за начинот на кој комуницирал.

Најневеројатниот момент се случил повеќе од пет часа подоцна. Вработен кој пристигнал за да го преземе телото од болничката мртовечница забележал дека детето сè уште дише. Медицинскиот персонал веднаш реагирал, по што момчето со медицински хеликоптер било префрлено во Детската болница во Феникс, каде што продолжило лекување.

Според информациите, детето покажало значително подобрување на здравствената состојба и по одреден период било пуштено на домашно лекување.

Од болницата соопштија дека случајот го сметаат за исклучително тежок и дека веднаш е спроведена внатрешна истрага, по што биле направени промени во медицинските процедури и протоколи со цел да се спречат слични ситуации во иднина. Поради тоа што медицинската документација не е дел од јавно достапниот полициски извештај, засега не е познато како дошло до тоа детето да биде прогласено за починато.

Паралелно со истрагата за постапувањето на медицинскиот персонал, полицијата препорачала да се покрене постапка и против родителите. Според истражителите, во домот бил почувствуван силен мирис на марихуана, а истрагата покажала дека детето успеало незабележано да излезе до базенот бидејќи вратата не била соодветно обезбедена. Иако во куќата имало повеќе возрасни лица, сите изјавиле дека верувале оти некој друг во тој момент се грижи за детето.

Случајот во моментов е во рацете на обвинителството, кое треба да утврди дали постои кривична одговорност кај медицинскиот персонал, како и дали ќе бидат поднесени обвиненија против родителите поради наводно запоставување на детето.

Најнови вести