СВР Тетово поднесе кривична пријава против 61-годишен жител на Тетово поради сомнение дека преку социјална мрежа ширел содржина со расистички и ксенофобичен карактер.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, лицето се сомничи за кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Случајот се однесува на објава од 25 јуни 2026 година.
Според полицијата, пријавениот на социјална мрежа објавил содржина со која се предизвикувале омраза, раздор и нетрпеливост.
По преземените мерки, против него е поднесена соодветна кривична пријава.









