ПРВ.мк
Црна Хроника

Нападнати полицајци пред дискотека во Скопје - но што се случило со осомничените?

Нападнати полицајци пред дискотека во Скопје - но што се случило со осомничените?
Kristal

Независниот синдикат на полицијата реагираше остро по синоќешниот инцидент пред дискотека во Скопје, во кој, според нивните информации, двајца полициски службеници од ПС ОН Карпош биле нападнати од алкохолизирани лица и се здобиле со тешки телесни повреди.

Од Синдикатот изразуваат сериозна загриженост за постапувањето на надлежните институции, истакнувајќи дека осомничените биле ослободени и не биле изведени пред суд по итна постапка, иако, како што наведуваат, првично постоеле насоки за тоа.

Во нивната реакција се посочува дека постапката на Основно јавно обвинителство била променета по интервенција од висок функционер од Владата, по што, според тврдењата на Синдикатот, бил сменет и обвинителот.

Дополнително, тие информираат дека во случајот е вклучен и одделот за внатрешна контрола, кој наместо да ја утврдува одговорноста кај напаѓачите, ќе ја преиспитува работата на полициските службеници.

Од Независниот синдикат најавуваат дека ќе го следат случајот и ќе преземат конкретни чекори. Веќе утре ќе испратат писмена реакција до Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија и до Основното јавно обвинителство.

„Нанесување тешка телесна повреда на полициски службеник претставува сериозно кривично дело кое не смее да биде толерирано ниту маргинализирано. Очекуваме сериозен и темелен пристап од сите институции“, порачуваат од Синдикатот.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo