ПРВ.мк

Му откажале бубрезите, а 40 отсто од телото му било со изгореници – Таравари ја потврди смртта на Карадаковски

Му откажале бубрезите, а 40 отсто од телото му било со изгореници – Таравари ја потврди смртта на Карадаковски
Jumbo Banner

Министерот за здравство Арбен Таравари утрово потврди дека на повредите од пожарот во Кочани во Литванија, каде што беше на лекување, им подлегна Александар Карадакоски. Во Литванија бил испратен со 40 отсто изгорено тело.

„За жал утрово, два часа пред да тргнам за Липково ја добив лошата вест дека еден пациент е починат во Литванија. Од четворицата пациенти тој беше најкритичниот. Од први април му откажа работата на бубрезите, практично беше ставен на дијализа и за жал утрово ја добив лошата информација дека тој починал. 40 отсто од телото му беше со изгореници. Од почеток главен проблем беше инфекцијата, огромна површина рани што имаше на телото. Да се надеваме другите критични пациенти да поминат подобро и да ни се вратат во државата“ рече министерот Таравари утрово по посетата на Здравствениот дом во Липково.

Карадакоски е еден од четворицата пациенти за кои министерот постојано известува дека се во критична состојба. Министерот Таравари утрово извести дека од 77 пациенти кои се лекуваат во странство во овој момент има петнаесетмина кои се интубирани, сите останати дишат самостојно.

Извор: СкопјеИнфо

ELS
Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран