ПРВ.мк

Албанија започнува сериско производство на военото возило „Шота“ – интерес и од Украина, Германија и Грција

Албанија започнува сериско производство на военото возило „Шота“ – интерес и од Украина, Германија и Грција

По успешниот прототип на оклопното возило „Шота“, претставен лани во Париз, Албанија оваа година планира да започне со сериско производство на ова возило, кое ќе се користи од албанските вооружени сили, но и за извоз во странство.

Арјета Пуца, сопственичка на компанијата „Тимак“, која го произведува возилото, изјави дека веќе има голем интерес од странски држави. „Сакаме да почнеме со Албанија, но имаме многу барања и од Германија, Полска, Украина и Грција. Веќе сме во разговори и веруваме дека оваа година ќе ги имаме првите испораки“, рече таа за телевизијата А2.

Албанија планира до 2033 година да инвестира 122 милијарди леки за модернизација на армијата и дополнителни 61 милијарда леки за воена инфраструктура. Дел од овие средства ќе се насочат кон поддршка на приватните компании кои произведуваат воена опрема.

Како дел од безбедносниот договор помеѓу Албанија и Украина, потпишан во Давос од Еди Рама и Володимир Зеленски, дел од новопроизведените возила „Шота“ ќе бидат испратени во Украина.

Vero

Возилото „Шота“ е дизајнирано од албанскиот инженер Григор Андони и е создадено за само три месеци. Има напредна технологија и може да се користи во различни воени и цивилни мисии – од транспорт на војници, до спасувачки и безбедносни операции. Компанијата „Тимак“, каде што 75% од вработените се жени, веќе извезува санитетски возила во 20 земји.

Agria