ПРВ.мк

Скандал со брзи кредити: Вработен во Фондот за здравство дел од банда што крадела идентитети и земала илјадници евра

Скандал со брзи кредити: Вработен во Фондот за здравство дел од банда што крадела идентитети и земала илјадници евра

Јавното обвинителство отвори постапка против 43 лица за масовна измама со брзи кредити, при што е оштетена финансиската индустрија, а довербата на граѓаните сериозно разнишана. Меѓу осомничените е и вработен во Фондот за здравствено осигурување на Македонија, кој според истрагата, обезбедувал лични податоци од системот на Фондот за да се земаат кредити на туѓо име.

Шемата, која започнала уште во јули 2022 година, функционирала по принцип на фалсификување на лични исправи, електронски потписи и лажирање на податоци, со цел да се подигнат брзи кредити од десетици кредитни друштва. Осомничените користеле идентитети на граѓани без нивна согласност, прикажувале невработени лица како кредитоспособни, а потоа парите ги извлекувале и ги делеле меѓу себе.

Во само еден ден, од име на едно лице се подигале и по неколку кредити. Вредноста на измамата достигнала над три милиони денари. За четворица од осомничените е отворена посебна истрага, додека останатите 39 се товарат за помагање и соизвршителство.

Фондот за здравство се огради од случајот и најави зајакнување на ИТ-безбедноста и целосна соработка со истражните органи. „Овој изолиран случај нема да го наруши угледот на институцијата“, велат оттаму.

Vero
Agria