ПРВ.мк
Црна Хроника

МОРНИЧАВО ДЕЛО: Двајца мажи од Македонија осомничени за силување на 32-годишна жена од Србија!

МОРНИЧАВО ДЕЛО: Двајца мажи од Македонија осомничени за силување на 32-годишна жена од Србија!

Двајца жители на Скопје се соочуваат со кривична пријава поради сомнение дека сториле кривично дело „полов напад и силување“, информира Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, СВР Скопје – Единицата за насилен криминал, преку Одделението за крвни и сексуални деликти, по брза постапка поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против А.М. (41) и Ј.Р. (34), двајцата од Скопје.

Според сомневањата на истражните органи, на 17 јули околу 21:45 часот, на делот од патот меѓу Горно Лисиче и Долно Лисиче, осомничените со употреба на физичка сила и закани извршиле полов напад врз 32-годишна жена, државјанка на Србија со престојувалиште во Скопје.

По преземените истражни дејствија и обезбедените докази, двајцата осомничени биле изведени пред судија на претходна постапка.

Судијата им определил мерка за привремено одземање на патните исправи, додека надлежните институции продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот.

Истрагата продолжува, а за понатамошниот тек на постапката ќе одлучуваат надлежното обвинителство и судот.