Тело на девојка на возраст од околу 20 години е пронајдено денеска во реката Велика Морава, во близина на селото Мијатовац.
Според неофицијални информации, се сомнева дека несреќната девојка се удавила уште на 29 јуни. За неа, откако било пријавено дека исчезнала во реката, со денови интензивно се трагало.
„Телото е пронајдено во атарот на селото кај Ќуприја. Извршен е увид на местото на настанот, а во тек е утврдување на идентитетот како и на сите околности кои довеле до оваа несреќа“, потврдил извор за српски „Курир“.







