ПРВ.мк
Црна Хроника

МОРНИЧАВ СЛУЧАЈ: 18-годишник осомничен дека го убил својот брат, полицијата го бара со итен апел!

МОРНИЧАВ СЛУЧАЈ: 18-годишник осомничен дека го убил својот брат, полицијата го бара со итен апел!

Германската полиција интензивно трага по 18-годишниот Димитар Ленц, кој е осомничен дека го убил својот 21-годишен брат во градот Касел. Осомничениот е во бегство, а властите упатија итен апел до граѓаните да не се обидуваат сами да го запрат доколку го забележат.

Истрагата започнала откако членовите на семејството пријавиле дека подолго време не можат да стапат во контакт со 21-годишникот. По пријавата, полицијата извршила проверка во неговиот стан во населбата Валдау, каде што било пронајдено неговото безживотно тело.

По наредба на надлежните органи била извршена обдукција, која потврдила дека смртта настапила како последица на насилство. Според досегашните сознанија на истражителите, главен осомничен за убиството е неговиот помлад брат.

Според првичните информации од полицијата, постои сомнение дека жртвата била усмртена со тап предмет. Во овој момент не е познат мотивот за злосторството, а истрагата продолжува со цел да се утврдат сите околности под кои се случил трагичниот настан.

Бидејќи осомничениот сè уште не е пронајден, германската полиција ги предупреди граѓаните да не му приоѓаат доколку го забележат, туку веднаш да ја известат полицијата. Во тек е потрага на поширокото подрачје на Касел, а во истрагата се вклучени повеќе полициски служби.

Најнови вести